Од идната година по 30 ленти за сите корисници на инсулинска терапија

 

Бесплатни превентивни прегледи коишто вклучуваат мерење на крвниот притисок, телесната тежина, шеќер во крвта и медицински совет денеска им беа достапни на граѓаните на посебен пункт на полштадот Македонија, по повод Светскиот ден на дијабетесот-14.ноември.

Како што нагласи предстедателот на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Аврам Ванковски, од идната година Министерството за здравство не сите пацинети кои користат инсулинска терапија ќе им се даваат по 30 бесплатни ленти за мерење на шеќерот во крвта, со кои ќе можат да го контролираат шеќерот во крвата барем двапати дневно, за разлика од досега, кога пациентите имаа можност таква проверка да извршат само еднаш неделно.  За 20 отсто ќе бидат зголеми и пумпите за децата со дијабетес тип 1, односно ќе бида обезбедени дополнителни 50 инсулински пумпи.

- Покрај генетската предиспозиција за дијабетесот влијание има и физичката неактивност, исхраната, стресот секако допринесува и токму затоа денеска акцнетот е ставен на совети за здрава исхрана, посочи директорката на ЈЗУ „Здравствен Дом на Скопје“,Татјана Баевска Вучковиќ.

Превентивните активности под мотото „Здравје за сите“ започнаа од март годинава 1.373 граѓани пристапиле до пуктовите, а само во текот на денешниот ден 250 граѓани ги искористиле бесплатните прегледи за дијабетес.

14.11.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега