Експертите препорачуваат: Ставете зимски гуми
Зимски гуми и синџири за автомобили, џипови и на лесни камиони од утре, 15 ноември, ќе бидат задолжителни за патиштата во земјава. Стариот Правилник за зимска опрема важи и годинава, а се најавуваат и почести прегледи и казни за оние чии шари на гумите не се длабоки најмалку четири милиметри. Доколку автомобилот е со летни гуми шарите мора да се со истата длабочина, но и да се носат и соодветни синџири во багажникот.
Експертите велат дека сепак е добро сите возачи што се во можност да набават зимски гуми . Нивниот состав ја подобрува ефикасноста на сопирањето и го намалува патот на кочењето, со што ја зголемува и сопствената, како и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Зимските гуми имаат значително подобро прилагодување на патот и пократок пат на кочење, благодарение на подлабоките шари. Се одбираат гуми што се соодветни на патот, се набавуваат во специјализирани продавници со сервиси каде што се гарантираат монтажата и квалитетот на производите
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа