Македонски шуми почна со есенско пошумување

 

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ почна да ја реализира есенската акција за пошумување. Предвидено е да бидат пошумени над 1.170 хектари со над 5 милиони садници.

Ќе се пошумува шумското земјиште, голините и ерозивните предели според однапред зацртаните годишни планови. Пошумувањето, како што соопшти претпријатието ќе трае додека се погодни времеските услови во ноември и декември, а садниците се обезбедени од сопствено производство.

Граѓаните што сакаат да се приклучат кон акцијата, како поединец, група или член на граѓанска организација да се обратат во подружниците на ЈП „Македонски шуми“.

„Македонски шуми“ ги повикува граѓаните да се придружат кон глобалната акција за пошумување и борба против климатските промени - Оставете „зелена трага“ во природата. 

14.11.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега