Лажен новинар на Вечер фатен на седницата на Советот на Карпош
На седницата на Советот на Општина Карпош која се одржа во среда вечерта се појавило лице кое лажно се претставило како новинар на весникот Вечер, пишува истоимениот весник. Тој присуствувал на еден дел од седницата, каде што фотографирал и снимал дел од дискусиите помеѓу советниците. Бидејќи вработените кои ја воделе седницата се посомневале во неговиот исказ, се јавиле во редакцијата на весникот, од каде што им било потврдено дека новинар со име и презиме Илија Ивановски, како што лицето се претставило, во редакцијата не постои.
Како што објасниле вработените во Општината, кои биле присутни на седницата, тој во неколку наврати се претставил како новинар на дневниот весник, но не приложил легитимација. Откако бил разоткриен лажниот новинар на Вечер го предал својот фотоапарат на еден од советниците на СДСМ, кој го ставил во својата чанта. Според информациите до кои дошле вработените кои ја воделе седницата, лицето кои лажно се претставило како новинар на Вечер, е во роднинска врска со советничката на Општина Карпош од редовите на СДСМ Магдалена Несторовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа