ФОТО: Средба на Ахмети со претставници од ЕУ
Денес во Тетово, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција,
г-дин Али Ахмети, го пречека Едвард Ауер, Новиот Директор на
Директоратот за Западен Балкан на Советот на ЕУ и г-дин Јоханес
Viereck, одговорен за Македонија во респективниот Директорат на ЕУ.
На пријателската и отворена средба беа третирани политичките
актуелности, Евроатлантска интеграција и меѓуетничките односи.
Претседателот Ахмети му посака успех и добро здравје на г-дин Ауер во
неговата нова задача нагласувајќи ја блиската и успешната соработка со
сите негови претходници.
Директорот Ауер го изрази исто така оценувањето на Брисел за важната
конструктивна улога на г-дин Ахмети за стабилност во текот на сите
овие години. Г-дин Ауер исто така, му го предаде на г-дин Ахмети
прошталното писмо на поранешниот Комесар за Проширување г-дин Штефан
Филе во кое, меѓу другото г-дин Филе, пишува: "Го ценам вашиот личен
придонес за подобрување на односите меѓу заедниците како и вашите
конструктивни напори за да ја движите вашата земја кон ЕУ".
Говорејќи за значењето на Евроатлантските интеграции, Претседателот
Ахмети нагласи дека овој процес има исклучителна важност за мирот,
стабилноста и безбедноста во земјата, но и за оддржливи меѓуетнички
односи меѓу заедниците. Албанците се определени за интеграција во НАТО
и ЕУ и отекуваат ова да се оствари во најкус можен рок, затоа
Претседателот Ахмети ги повика новите власти во Брисел да ни помогнат
во овој поглед што поскоро.
Г-дин Ахмети исто така, зборуваше за разликите во толкувањето на
обврските од Охридскиот Договор и Уставот на земјата како и за
потребата сите заедно да го прифатиме духот на Охридскиот Договор.
И на оваа средба, Претседателот Ахмети ја повика опозицијата да се
врати во Парламентот и да го даде нејзиниот придонес за подобрување на
политиките на земјата.
Претседателот Ахмети зборуваше и за случајот Монструм и потребата за
одржување на транспарентен судски процес со нагласен меѓународен
мониторинг со цел да се зголеми кредибилитетот на судството, за кое
беше создаден впечаток дека во одредени случаи одлучува селективно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа