Продолжуваат заедничките контроли на МВР, УЈП и на Државниот пазарен инспекторат
Редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат продолжуваат.
Од 4-12 ноември, од 150 контролирани објекти, во 58 Управата за јавни приходи утврди неправилности во делот на фискализацијата.
Контролите се спроведуваат на целата територија на Македонија и се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои постојат сознанија дека не се почитува законот за пушење, не се почитува работното време и не се регистрира готовинскиот промет.
Во Куманово биле извршени 11 даночни контроли, а во 9 биле евидентирани неправилности. Во Скопје биле извршени 40 контроли од кои 16 со неправилности, во Струга 9 од кои само во 2 случаи биле евидентирани нерпавилности.
Во Радовиш биле извршени 6 контроли и во ниту еден случај немало неравилности, во Тетово од 13 контроли во 11 биле констатирани неправилности. Од 5 контроли во Кичево на два наврати биле констатирани неправилнсоти. Во Прилеп од 6 контроли имало само еден евидентиран случај со неправилнсоти. Во Гостивар биле извршени 11 даночни контроли, од кои 8 објекти работеле со неправилности. Од 13 објекти во Велес, било констатирано дека во 5 објекти имало неправилности. Додека пак во Битола каде биле извршени 8 даночни контроли и во Дебар каде биле извршени 2 данони контроли, не биле евидентирани неправилности во тие објекти.
Во Кочани биле извршени 3 даночни контроли и во трите случаеви биле евидентирани неправилности, во Берово имало 16 контроли и било констатрано дека сите објекти работат без неправилности.
И во Охрид биле извршени 7 контроли, а само еден објект работел со неправиности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа