Силен раст на туризмот, Македонија останува примамлива за туристите

 

„Лидер“  анализира дека регистрирани се 156.554 ноќевања, на исто ниво како во септември минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи е намален, но бројот на странските туристи во септември во однос на истиот период лани е зголемен за 5,1 отсто.

Oд почетокот на годината до септември бројот на странски туристи пораснал за 8,4 %.

“Mинатата година за прв пат бројот на туристи ја надмина бројката од 700.000 туристи која беше и главна цел согласно Стратегијата за развој на туризмот, при што важно е да се напомене дека бројот на странските туристи во Македонија изминативе 8 години двојно е зголемен, и изнесува 98 %, а вкупниот број на туристи забележува раст од 40%. Овие позитивни трендови се резултат на низа политики, мерки и активности кои Владата на Република Македонија ги спроведуваше во изминатиот период. Една од активностите кои Владата ги спроведе во изминатиот период е субвенционирањето на странскиот организиран туристички промет како и субвенционирањето на авио летовите на ниско буџетните компании“ изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања, пренесува ЛИДЕР.

Со туризмот се креираат нови работни места

Со мерките за поддршка на туризмот се отворени многу нови работни места. Само минатата година во Македонија биле вработени 8.500 лица во туризмот, што претставува 1,2 проценти од вкупниот број вработени во земјава. Заедно со дејностите коишто се поврзани со туризмот, во земјава се вработени уште 31.000 лица, а тоа е веќе 4,5 проценти од вкупниот број евидентирани лица коишто работеле во 2013 година.

Проекциите укажуваат дека годинава и оваа бројка ќе претрпи нагорна корекција и ќе достигне 32.500 лица, коишто ќе бидат работно ангажирани во овој сектор, со очекувања дека до 2024 година тие ќе се искачат до 40.000, велат податоците на Министерството за економија.

„Учеството на туризмот во БДП во 2012 и во 2013 е 1.4%, а целта е до 2020 година приходите од туризмот да постигнат 5% од вкупниот БДП“. Сето ова се должи на сет проекти и мерки на Владата, кои се спроведуваа во изминатите години, и тоа намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 5% за ноќевањата, субвенциите за разни туристички манифестации и форуми како и субвенциите за странскиот организиран туристички промет“ вели Беким Незири, министер за економија.

Целиот текст прочитајте го на ЛИДЕР

13.11.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега