Време: До петок суво - за викендот дожд

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 12 до 17 степени. 

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се сушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени. 

Во четврток и во петок во поголем дел од денот ќе се задржи суво, но од петок навечер до недела претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови од земјава

04.11.2014 - 23:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега