Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ задоволни од реакциите за еднократниот отпис на долговите
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција посочи дека со Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните директно им се помогна на многу граѓани имајќи предвид дека веќе се доделени првите 200 одлуки, а поднесени се 42.000 барања.
Во продолжение Интегрален текст од прес-конференцијата:
Со Предлог законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните кој беше изгласан на 10-тата седница на Собранието на Република Македонија на 24 јули 2014 година, деновиве беа доделени и првите 200 одлуки за еднократен отпис на долговите на граѓаните.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ безрезервно го поддржа овој Предлог закон, со кој се овозможува отпишување на долговите кои настанале до 31 декември 2013 година на социјално ранливите категории, со цел да се ублажат последиците од ударот кои ги нанесе светската економска и европската должничка криза.
Досега има пристигнато вкупно 42 000 барања од страна на граѓаните за отпис на достасани долгови направени за искористена електрична енергија кон ЕВН, долгови за искористена топлинска енергија, долгови по основа на кредитни картички, пречекорување на трансакциски сметки и потрошувачки кредити кои што не се обезбедени со движен или недвижен имот, долгови за радиодифузна такса кон МРТВ, како и за долгови кон нотари и извршители пред кое е поднесено барање за присилна наплата на долговите.
При секојдневната комуникација со граѓаните на пратениците, пред да биде донесен овој Предлог закон, секојдневно имавме забелешки на оваа тема и неопходно беше спроведувањето на оваа мерка.
Со овој Предлог закон директно се помогна на голем број на граѓани кои се корисници на социјална или постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци, како и лица изложени на социјален ризик кои поради смрт на сопружникот, поради сопствена или инвалидност на сопружникот или поради тешка болест се нашле во ситуација да не можат да ги плаќаат обврските кон доверителите.
Со изгласувањето на овој Закон, допринесовме за подобрување на социјалната положба на најранливите категории на граѓани. Еднократниот отпис на долговите на граѓаните од ранливите категории, наиде на позитивни рекации и благодарност од страна на граѓаните.
Фактот што досега се поднесени над 42 000 барања, доволно говори за заинтересираноста и неопходноста од носење на еден ваков закон.
Исто така, оваа мерка односно закон за еднократно отпишување на долговите, наиде на позитивни критики и кај земјите од нашето најблиско опкружување, кои овој Закон го земаа како позитивен пример за грижа кон граѓаните од социјално ранливите категории од Македонија.
Оваа мерка е една од првите мерки која новиот состав на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа, со што го исполнивме ветувањето кое го дадовме на граѓаните на последните парламентарни избори.
Очекуваме дека во иднина ќе бидат доделени и останатите одлуки од страна на институциите за пристигнатите барања за отпис на долгови од страна на граѓаните и веруваме дека со овој Закон поголем дел од проблемите на граѓаните настанати по овој основ ќе бидат минато.
Освен отписот на долгови за социјално ранливите категории се предвидуваат и други олеснителни мерки кои исто така се произлезени од секојдневните комуникации со граѓаните како што се, бесплатно изготвување на елаборати за легализација на дивоградбите во кои живеат, трајно ослободување од плаќање на радиодифузна такса, како и најавеното зголемувањето на социјалната и постојана парична помош за 5%.
Ова претставува уште еден доказ дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, секогаш работи во интерес на граѓаните без разлика дали станува збор за граѓани од социјално ранливи категории, пензионери, земјоделци, студенти или пак вработени во јавниот и приватниот сектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа