Телото на Дениса Маркоска ќе биде донесено во вторник
Телото на младата прилепчанка Дениса Маркоска кое беше најдено во водите на егејското море на осторвот Карпатос е подготвено за Македонија и ќе пристигне во вторник. Ова за МРТ го потврдил нејзиниот татко, Кирил Маркоски, на кого тоа му било соопштено од осигурителната компанија која во целост ќе го покрие транспортот.
Маркоски вели бидејќи му било кажано дека телото за да го издржи долгиот пат од Родос до Македонија морало да се балсамира, што значително би ја отежнало реобдукцијата кај нас. Токму поради тоа тие побарале од Јавниот обвинител да дозволи да направат само уште една споредба на ДНК материјалите, но според Маркоски, Обвинителството не им дозволило.
Таткото на Дениса, кој поради шок не можел да даде изјава пред камера, апелира до институциите да дозволат новата споредба на ДНК за да како што вели, со сигурност да знае чие тело ќе го погреба наредната недела.
Јавниот обвинител, Марко Зврлески, за МРТ рече дека не е точно дека тие не дозволуваат нова споредба, но според нив тоа не било потребно затоа што анализата направена во Грција била според сите стандарди и тие не се сомневале во тие податоци.
Таткото на Дениса вели дека тие по секоја цена ќе останат на ова нивно барање, а за ова со писмо ќе ги известел сите надлежни институции. Инаку според податоците на ДНК анализата која пристигна во Македонија телото пронајдено во Грција со 99,9% сигурност било она на Дениса.
Дениса Маркоска исчезна на 12-ти септември во Егејското Море, од бродот Серенисима на кој младата прилепчанка работела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа