УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со акцијата „Земи книга, остави книга“

 

УМС на ВМРО-ДПМНЕ пред две и пол недели започна со акцијата „Земи книга, остави книга“ со поставување на катчиња во кои што младите ќе можат да оставаат книги, но и оние на кои им се потребни истите да ги земаат и да ги читаат.

Таквите библиотеки се поставуваат на фреквентни локации на целата територија на Р.Македонија.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на проектот и денеска во Градскиот парк во општина Центар поставија библиотека  „ Земи книга, остави книга“ се со цел да се доближи пишаниот збор до младите луѓе.

-Во однос на денешната активност, идејата потекнува од Америка од државата Вилкинсон каде што студент на својата мајка и подарил вакво катче бидејќи бил љубител на книги. Го поставил во предниот дел на неговиот двор и истата таа идеја продолжила низ целиот свет и денеска има околу 2500 такви катчиња. Така и ние од УМС на ВМРО-ДПМНЕ го донесовме тој светски тренд кај нас се со цел да го доближиме пишаниот збор до младите луѓе да читаат повеќе и да разменуваат книги, истакна Лука Кржаловски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите млади луѓе да дојдат во Градскиот парк да разменат книги и  да си го надополнат своето знаење. Вакви катчиња има во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром, а активностите се во тек и во другите општини.

02.11.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега