ФОТО: Опозициските „борци против сиромаштија“ живеат во луксуз
Борците против сиромаштијата кои протестираат и плукаат по државата поттикнати од СДСМ, живеат луксузен живот.
Излегуваат на улица за идеалите на опозицијата, преправајќи се дека живеат сиромашен и тежок живот, а вистината е далеку од тоа.
Помпезно најавениот протест на СДСМ доживеа целосно фијаско. Како што пишуваат опозициските медиуми, вчера пред македонското Собрание се собрале 200 “борци против сиромаштијата“. Според објавените фотографии, пак, се гледа дека бројот на “незадоволни граѓани“, како што сами се претставуваа, беше далеку помал.
Најгласните меѓу нив се качија на говорница. Омразата кон сопствената земја ја кажаа јавно, помпезно, на микрофони. А токму тие, најгласните, не ни знаат што е тоа сиромаштија.
Мери Николова самата себеси се претставува како стечаец кој живее тежок и мачен сиромашен живот. Се фотографира како борец против сиромаштијата, а едни други нејзини фотографии јасно говорат дека таа живее луксуз.
Николова јавно објави свои фотографии пред продавници на најскапите брендови за облека. Насмеана, видно расположена по шопинг, таа седната пред Луј Витон докажува колку нејзината борба против сиромаштијата е лицемерна и лажна. Од вакви скапи брендови како Луј Витон и Прада, купуваат само богатите лица.
Таму не пазарат сиромашни и обесправени граѓани во чија категорија таа се сместува себеси само за политички цели.
Инаку, Мери Николова на јавноста освен како член на СДСМ и е позната уште и по љубовната врска со екс-амбасадорот на Република Македонија во Франција, г-динот Агрон Буџаку. Медиумите пред неколку години пишуваа за нивната тајна врска од која имаат две деца.
Вчерашниот мини-протест беше најавен како место каде независните граѓани ќе го искажат својот револт од сиромашниот живот во Македонија.
Жената од оваа фотографија, истакна дека тие се само обична граѓанска иницијатива, која не е партиски организирана. Но и таа заборави за фотографии објавени јавно, кои јасно покажуваат за чии цели излезе на улица.
И Мери Николова и Лилјана Сачевска се фотографирани во прегратка пред седиштето на СДСМ. Така останаа со паднати маски.
Ова е уште еден груб обид на опозицијата да организира протести преку таканаречени граѓански иницијативи и со тоа да создаде лажна слика во јавноста. Не е прв пат опозицијата да организира лажни протести. Во февруари оваа година пред Владата беа организирани лажни протести од стечајците зад кои стоеше СДСМ, а беше виден и висок функционер на СДСМ Кире Наумов. Истото сценарио беше и со протестите организирани од“АМАН”, а лажни таканаречени студентски протести беа организирани и денеска од страна на 20тина активисти на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа