Распишан конкурс за најдобра статија на тема трговија со луѓе

Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘ распиша јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата трговија со луѓе како дел од кампањата „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ финансиски поддржана од Европската Унија.
Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна до 16 март 2015 година имаат можност да аплицираат за наградата. Секој апликант може да поднесе една или повеќе статии објавени во периодот од 1 јануари 2014 до 28 февруари 2015 година.
Наградата што се доделува за ваква статија, како што соопштија денеска од Здружението „Отворена порта“ има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе со посебен фокус на трудова експлоатација, да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем, особено помеѓу младите и да придонесе во подобрување на идентификацијата.
31.10.2014 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа