Јолевски и Котески на средба со медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески остварија средба со медицинскиот тим на АРМ кој во наредните шест месеци ќе учествува во 17-та ротација за мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Министерот Јолевски, како што соопшти МО, изразил задоволство од досегашната работа на медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА, при што нагласил дека од 17-та ротација на АРМ во мисијата АЛТЕА, очекувал продолжување на успешното претставување на АРМ и беспрекорно извршување на задачите.
Генералот Котески истакнал дека медицинскиот тим на АРМ во изминативе години на најдобар начин ги покажал способностите и интероперабилноста на АРМ во рамки на мисијата на ЕУ, но и оти има дадено огромен придонес во афирмацијата на АРМ и Република Македонија.
За време на средбата, министерот Јолевски и генералот Котески биле запознаени со работата и задачите на тимот во рамки на мисијата АЛТЕА.
Медицинскиот тим на АРМ ќе биде предводен од капетан Дејана Шврака, а составен е од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамки на мисијата АЛТЕА е обезбедувањеопшта медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево.
По повод упатувањето на 17-та ротација на АРМ во мисијата АЛТЕА, денеска пред командата на бригадата за логистичка поддршка на АРМ ќе се одржи пригодна свеченост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа