Попоски на состанок на Вишеградската група и Западен Балкан

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Братислава ќе учествува на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан. 

Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Балканот - достигнувањата и предизвиците на патот кон ЕУ, со фокус на поглавјата 23 и 24 од европското законодавство (владеење на правото), економското владеење и регионалната соработка.

Вишеградската група - B4, којашто ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.

Годинешниот состанок во Братислава се одржува во рамки на словачкото претседателство со Вишеградската група. Специјални гости на состанокот се потпретседателот на Европската комисија и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Себастиан Курц.

При престојот во Братислава, предвидено е министерот Попоски да има одвоена средба со својот словачки колега Лајчак, како и одделни разговори со повеќе колеги – учесници на состанокот В4-Западен Балкан.

31.10.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега