Џихадист од скопски Чаир војувал за ИСИЛ во Сирија а земал државна плата во Македонија
Вработен во Институтот за духовно наследство на Албанците војувал и загинал во Сирија, пишува Дневник.
„Сејдула Алили, кој неодамна загина во Сирија како припадник на џихадистичката Исламска држава, не доаѓал на своето работно место во Институтот за духовно наследство на Албанците цели 22 дена, а тоа не било санкционирано од надлежните. Алили ја напуштил Македонија на 12 јули 2014 година и оттогаш не се вратил, бидејќи заминал за Сирија. На овој начин паѓаат во вода тврдењата на актуелниот директор на Институтот за духовно наследство на Албанците, Скендер Асани, дека тој уредно доаѓал на работно место с` до почетокот на август, кога заминал на годишен одмор и по кој веќе не се појавил. Од ова, истовремено, произлегува дека нему му била исплатена плата за месецот во кој веќе почнал да се бори во редовите на радикалната исламска организација.“ - пишува Дневник
- Според нашата евиденција Алили последен пат ја напуштил Македонија на 12 јули годинава и тоа на граничниот премин Ќафасан, кога со своето возило влегол во Република Албанија. Оттогаш не се вратил - велат од МВР за Дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа