Тензично во ДУИ: Командантите на ОНА најавија насилство
Тензично е во огранокот на ДУИ во Тетово. Напнатоста помеѓу военото и не-военото крило ескалираат по најавите дека градоначалничката Теута Арифи има намера да ја добие и позицијата на претседателка на тетовскиот партиски огранок, пишува весникот на албански јазик Лајм.
Во среда навечер се одржала мошне напната средба на претседателството на огранокот на која требало да се назначат петте членови на Координативниот совет кој треба да предложи кандидати за претседател на тетовските интегристи. Членовите на овој Совет немаат право да конкурираат за претседател на огранокот. Но кога еден од членовите на претседателството ја предложил Арифи за членка на Советот, друг член реагирал најавувајќи дека таа сигурно ќе се кандидира за првото место.
По таквата најава реагирале со нервоза претставниците на военото крило, заканувајќи се дека ако треба и физички ќе спречат некој претставник од не-военото крило да продолжи да го води огранокот, каков што е сегашниот претседател Атила Реџепи. По ова настанал хаос па состанокот бил прекинат, за потоа да биде одложен за неодредено време. Военото крило бара подршка од Али Ахмети за остварување на своите намери. „Ахмети треба да ги подржи оние кои го подржуваа во 2001 година. Не треба да подржува лица кои не се во служба на Албанците, туку на некои други, бидејќи на тој начин се девалвира нашата победа во 2001 година”, изјавиле за “Лајм” партиски извори од военото крило на ДУИ во Тетово, воедно најавувајќи дека се спремни да преземат „радикални мерки” за да се спречи најголемиот огранок на партијата да падне под контрола на „продадени личности”. Изборите за претседател на огранокот на ДУИ во Тетово треба да завршат на крај на ноември, по што ќе се дознае и новиот претседател. h
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа