Познатите и здравата храна: Арнаудова бега од шеќер, Лазаревска не става запршка
Избери јаболко наместо хамбургер. Денот почни го со жито, а не со симит-погача. Напиј се свежо цеден сок и заобиколи ги газираните пијалаци. Правилата на здравата исхрана се јасни како ден, но понекогаш тешко се следат. Сепак, ако сакаш да имаш повеќе енергија и да не се разболуваш на секои пет минути, подобро е да се покориш. Македонските јавни личности го знаат тоа и секој од нив се обидува да го направи вистинскиот избор. Имаат вметнато и ритуали кои сметаат дека им го чуваат здравјето, пишува Дневник.
Пејачката Kристина Арнаудова консумира храна без конзерванси, избегнува купечки сокови и ретко пие алкохол.
- Не јадам бел леб и шеќер. Морам да признаам дека откако ги внесов овие промени, животот ми се смени на подобро. Може само двапати годишно да се напијам апче за глава и тоа е тоа – додава познатата музичарка.
И во домот на фолк-пејачката Татјана Лазаревска се следат правила на здравата исхрана. Тоа дошло спонтано, а не со некоја голема причина.
- Главен виновник за тоа е сопругот Новица. Тој знае на синовите Петар и Стефан да им наполни цел послужавник со излупено овошје. Одамна не готвиме со запршка и употребуваме само здрави продукти. Постариот син Петар како малечок не сакаше да пие млеко и секој ден морав да му цедам по еден литар сок за да внесува витамини. Се обидуваме да се храниме здраво, ама не го сторивме тоа од помодарство. Има една смешна приказна за помалиот син Стефан. Го прашале во градинка што почнува на буквата „ч“ и е слатко. Тие мислеле на чоколадо, ама нашето дете веднаш одговорило „чварки“. Значи, јасно е дека понекогаш сакаме да си каснеме и нешто такво – објаснува Лазаревска.
Целата сторија прочитајте ја ОВДЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа