Метеоролозите ја објавија најубавата вест за овој викенд
Ако за време на неделава имавме релативно променливо и помалку депресивно време, за викенд изгледите ни се доста подобри.
И во сабота, и во недела се очекува претежно сончево време. Во утринските часови ќе постојат услови за релативно краткотрајна ниска облачност низ дел од котлините.
Речиси целосно ведро време се очекува на планините.
Ветерот и двата дена ќе биде слаб и претежно северен.
Утрото и во сабота, и во недела ќе биде малку студено. Минималната температура низ пониските населени места ќе има вредност околу 2°С, додека на повисоките места минималната ќе се „спушти“ малку под 0°С.
Дневниот максимум на температурата воздухот во сабота ќе достигне вредност околу 13°С во северната половина на земјата. Југозападниот регион очекува максимална околу 12°С додека на југоистк максималната температура ќе има вредност помеѓу 14 до 16°С.
Недела, во најголем дел од земјата, ќе биде потопло за околу 1°С во однос на сабота.
Уживајте во викендот и искористете го времето за прошетка во природа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа