„Каков воздух ќе дише Тетово оваа зима?“
Граѓанската асоцијација МОСТ денеска во Тетово организира дебата на тема „Каков воздух ќе дише Тетово оваа зима?“, во рамки на проектот „Мобилен парламент“.
Целта на настанот е преку директна комуникација да се согледаат причините за загадувањето во Тетово и да се изнајдат соодветни решенија.
На дебатата ќе говорат пратеници од Изборната единица 6, а предвидени се обраќања и на претставници од локалната самоуправа и од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Проектот „Мобилен парламент“ го реализира Граѓанската асоцијација МОСТ, со поддршка од Европската унија, преку европксиот инструмент за демократија и човекови права.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа