Толку беше: По само 7 броја згаснува весникот Политико
Дневниот весник „Политико“ после само 7 броја се затвара, објави Либертас.
Обидот на Саше Ивановски да направи нов дневен весник не успеа. Утрово била донесена одлука да се прекине со издавање на весникот.
Главниот уредник Ивановски за Либертас ја потврди информацијата и ги негираше информациите дека весникот се затвара заради политички притисоци.
– Нема врска, едноставно немаше интерес, продажбата беше катастрофална и затоа решивме да го прекинеме проектот, уште на стартот – вели тој.
Вели дека тоа е причината, а за шпекулациите дека сопственикот на деловниот простор на улица Македонија во кој беше сместена редакцијата, им рекол да се иселат оти имал притисоци, биле неточни.
– Не, не, никакви притисоци, ви реков причината е една и единствена, катастрофална продажба – вели Ивановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа