Нормализиран сообраќајот на патот Радовиш - Конче

 

Патниот правец  Радовиш – Конче е нормализиран за сообраќај за сите видови возила, соопшти изутринава Авто-мото сојузот на Македонија.

Поради  свлечиште на 11-от километар на патот Радовиш – Конче сообраќајот за патничките возила се одвиваше по една коловозна лента, а за тешките товарни возила имаше забрана за сообраќај.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

27.10.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега