Тодоров во работна посета на Виена

 

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска престојува во работна посета на Виена, каде ќе оствари средба со Јукија Амано, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.

На средбата, соопшти Министерството за здравство, ќе се разговара за тековната реализација на проектот за изградба на ПЕТ-центар во Република Македонија, која се одвива во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија и со спроведување стручен мониторинг од страна на претставници на Агенцијата.

Министерот Тодоров ќе го посети Универзитетскиот медицински центар АКХ Виена, каде ќе биде потпишан Меморандум за соработка. Тој ќе се сретне со врвни професионалци од областа на кардиохирургијата и трансплантацијата, меѓу кои проф. д-р Гантер Лауфер, раководител на одделот за кардиохирургија, и проф. д-р Габриела Берлакович, раководител на оддел за трансплантација во овој реномиран медицински центар.

24.10.2014 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега