Примерот на борците наша водилка за иднината - честитка од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 октомври-Денот на македонската револуционерната борба.
- Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и поржтвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Денес им оддаваме почит на шестте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа до формирање независна Република Македонија. Нивниот пример го следа илјадници наши луѓе, кои несебично жртвувајќи се за идејата за слобода за Македонија, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Идејата и сонот за слобода на Македонија, како што е наведено во честитката, се пренесува од генерација на генерација. Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев се основоположници на идејата за слобода на Македонија.
- Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и од нас и од сите идни поколенија, но и аманет да продолжиме да го чествуваме нивното дело, се истакнува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Нивниот пример, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да ни биде водилка за иднината. Ние имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја, но и да ја пренесеме на идните генерации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа