Мозаик за Гоце Делчев во Прилеп

 
По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, изутрината делегации на локалната самоуправа, на здруженија, партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред спомениците на македонските дејци Ѓорче Петров и Пере Тошев во центарот на градот.
 
Во чест на празникот цвеќе беше положено и на Могилата на непобедените во Паркот на Револуцијата.
 
Околу пладне ќе биде откриен мозаик посвтене на големиот македонски револуционер Гоце Делчев пред градската библиотека „Борка Талески“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“. Мозаикот е дело на прилепскиот ликовен уметник Стеван Кавкалески и е во рамките на проектот „Прилеп-галерија на отворено“
 
Вечер, од 19 часот,  во Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложба на слики од руски автори во рамките на 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Русија како и 100-годишнината од Првата светска војна. Веднаш потоа во големата сала од Домот на културата хорот на Валаамскиот манастир од Русија ќе изведе концерт.
23.10.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега