ПОРТОКАЛОВА ФАЗА: Опасно време се најавува во Скопје за оваа ноќ
Овој четврток го носи почетокот на вистинската есен во целосна смисла на зборот. Поголем пад на температурата во однос на среда, врнежи од дожд и умерен, а локално и заслиен северен ветер ќе бидат дал од метео одличјата на денот. Поинтензивен дожд се очекува во текот на раните утрински часови, а веќе до пладне интензитетот на врнежите ќе биде значително намален. Се очекува да наврнат значителни количини, локално и до 20 литри на метар квадратен. Во текот на утрото во планинските региони на север, особено во Шарско - Корабскиот масив, врнежите ќе бидат од снег. Снег ќе има и во јужните планински краишта, но на поголема надморска висина, така што само планинските врвови во овој крај можат да очекуваат сосема мала снежна покривка.
Во текот на ноќта во Скопје и регионот, метеоалармот најавува портокалова предупредувачка фаза што значи дека времето е опасно по луѓето. Во останатите делови од Македонија предупредувачката фаза е во жолто.
Утрото ќе биде свежо. Минималната температура во поголем дел од земјава ќе има вредност околу 7°С.
Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе биде само малку повисок од минималната температура. Истоит ќе достигне вредност околу 8°С во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне до 10°С, а во југоисточниот регион до 13°С.
Во Скопскиот регион денот ќе биде облачен и ветровит. Позначителен дожд ќе врне во текот на раните утрински часови. Претпладне врнежите ќе бидат ослабнати, додека попладне врнежите генерално ќе престанат. Минималната температура ќе „падне“ до 7°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 9°С.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа