ФОТО: Исчезна пензионер од Велес - сте го виделе ли некаде?
Исчезна шеесет и четири годишниот пензионер Киро Кимов од Велес. Роднините бараат помош од граѓаните доколку го забележат лицето на фотографијата да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.
Последен пат Кимов бил виден на 21 септември, годинава, во близина на домот во Велес, а на себе носел кратки ракави, фармерки и бели патики.
Од тогаш му се губи трагата.
21.10.2014 - 09:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа