Од утре нова цена на бензините во Македонија
Регулаторната Комисија за енергетика денеска треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бензин, ќе се знае откако ќе се направат пресметките.
Дизел горивата од пред две денели поевтинија за еден денар по литар, а цената на бензините остана иста.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 64,5 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) ќе се продава за 53,5 денари за литар. Малопродажнат цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 останува 77 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,091 денари за килограм се намалуви и малопродажната цена на мазутот М1 НС кој сега чини 38,752 денари за килограм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа