Европска недела за безбедност и здравје при работа

 

Македонското здружение за заштита при работа денеска организира тркалезна маса на тема „Важноста и учеството на граѓанските организации во креирањето на политики на национално ниво”.

Оваа активност е дел од ИПА проектот „Граѓански организации како активни социјални актери во промоција на стандарди за безбедност и здравје при работа” и воедно со овој настан започнува одбележувањето на Европската недела за безбедноста и здравјето при работа.

Дополнително на настанот ќе биде презентирана „Студија за имплементација на безбедност и здравје при работа во Македонија”, изработена од проф. д-р Александар Гроздановски, како и промоција и најава на кампањата „Безбедноста на прво место”.

20.10.2014 - 09:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега