Македонија се тресе: Уште еден земјотрес регистриран вечерва

 

Уште еден земјотрес вечерва во 19:31 часот беше почуствуван во охридскиот регион.

И овојпат потресот беше краткотраен како и претходниот регистриран денеска во 17:18 часот.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот регистриран во Охрид и околината во 17:18 часот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. Епицентарот бил во охридското подрачје односно 110 километри југозападно од Скопје. 

Земјотресот не предизвика никаква материјална штета, освен што ги вознемири охриѓани.

19.10.2014 - 20:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега