Земјотрес ја стресе Македонија

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево, на 19.10.2014 год., во 17 часот и 18 минути, регистрира земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје чиј  епицентар се наоѓа на 110 км југозападно од Скопје.

 

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. 

19.10.2014 - 17:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега