Иванов во посета на Швајцарија

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација. Во Берн, претседателот Иванов ќе има средба со швајцарскиот претседател Дидиер Буркхалтер.

За време на посетата на Швајцарија, Иванов ќе учествува на 25. годишна сесија на Форумот Кран Монтана.

Во рамки на Форумот Кран Монтана, што годинава се одржува во Женева, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на сесијата „Национална и глобална безбедност“ на тема „Безбедноста на новата европска бизнис дестинација: Балканот и глобалната безбедност“. Теми на годинашната сесија се глобалната безбедност и ситуациите во Африка, Сахара, Ирак и Блискиот Исток, со фокус на Балканот.

За време на посетата на Швајцарската Конфедерација, претседателот Иванов ќе се сретне и со високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Ра’ад Ал Хусеин, и ќе се сретне со претставници на Форумот на македонските друштва во Швајцарија. 

15.10.2014 - 10:38


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега