Пратениците со полни раце работа

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за финансирање и буџет, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност и за образование, наука и спорт.   

Членовите на Комисијата за култура денеска ќе го разгледуваат Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, како и Комисијата за образование и наука. 

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледува Годишниот извештај за работата на Народната банка на Република Македонија за 2013, Извештајот за напредокот на земјата, како и измените и дополнувањата на Законот за кредитно биро, во прво читање. 

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, измените и дополнувањата на Законот за здравјето на растенијата, во второ читање и измените на Законот за земјоделско земјиште, во прво читање. 

Пратениците-членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе дебатираат за Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, дополнувањата на Законот за извршување на санкциите и измените и дополнувањата на Законот за судските такси, двата во прво читање. 

Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за пожарникарството, во второ читање. 

15.10.2014 - 09:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега