Цвета туризмот во Дојран - годинава најуспешна сезона

 

Зголемен број на туристите за околу 40 отсто во однос на лани, реализирани 175 илјади ноќевања и остварен приход од туристичка такса од 1,8 милиони денари само до крајот на август, се официјалните податоци и бројки за најуспешната туристичка сезона во Дојран во изминативе десет години. Најдобар показател за оваа констатација е само податокот дека приходот од туристичката такса е сума која лани била собрана во текот на сите 12 месеци.

- Она што посебно не радува е тоа што освен нашите туристи имаме забележано пораст на странски туристи претежно од Србија кои на пат кон Грција цело лето минуваат транзит низ Дојран и, што е многу важно за нас беа присутни во „мртвиот“ туристички период почетокот на јуни и септември, изјави градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.

Од локалната самоуправа посочија дека општината работи на нови проекти за изградба на велосипедски и пешачки патеки долги над 30 километри кои ќе ги привлечат инвеститорите за градба на нови сместувачки капацитети и ќе го направат Дојран да биде атрактивен и вон главната туристичка сезона. 

14.10.2014 - 14:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега