Муџахедини во Македонија: Дојдоа, се бореа, заминаа – сега се тука нивните ученици

 

Следбеници на муџахедините кои во 2001 се бореа против Македонија се уште го шират радикалниот ислам низ земјава, анализира Вечер. Според весникот, околу 150 радикални исламски платеници во 2001 се бореа на страната на ОНА.  Јадрото го сочинуваше мџахединскиот вод на Имри Елези во склоп на 113тата бригада Исмет Јашари која делуваше во кумановскиот регион, предводена од Ндрецај Малиќи.  Најголем дел од припадниците на овој вод беа државјани на Саудиска Арабија, Авганистан, Турција, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија кои посетувале терористички кампови за обуки во повеќе земји.

Муџахедините ги регрутираше Јакуп Хсипи, познат како оџата од Слупчане кој беше близок соработник до водството на ОНА, сега раководство на ДУИ кој се школуваше во Сирија.

Овој човек донесе над стотина муџахедини во Македонија а му помагаа Даут Харадинај и Џезаир Шаќири попознат како Командант Хоџа.

Асипи како што пишува Вечер имаше активна улога во војната во 2001 како дел од муџахединскиот вод во 113тата бригаа, рамо до рамо со Шефќет Красниќи кој минатиот месец беше уапсен во Косово во полициска акција против радикалните исламисти. Красниќи минатите години проповедаше радикален ислам и во Скопје на стадионот во ЧАир и во одметнатите вахабистички џамии над кои ИВЗ нема контрола.

Вечер пишува дека командант на муаџехедините бил Ферид Селими а негов заменик Беќир Халими кој пред неколку годин ибеше уапсен во Скопје под сомение дека соработувал со организации на Алкаеда. Иако во неговите канцеларии во Старата скопска чаршија беше пронајдена обемна радикалистичка литература, полицијата не собра доолно докази за да го обвини.

Иако најголем дел од Муџахедините си заминаа по завршувањето на конфликтот, еден дел остана да делува во Македонија. Хасипи веќе не е меѓу живите, но неговите предавања може да се видат на профилите на социјалните мрежи на скопјаните кои загинаа во Сирија.

Албанската ДУИ и покрај бројните фото и видео докази никогаш не го призна учеството на муџахедините во војната во Македонија,  обвинувајќи дека единствени платеници во регионот се Србите кои учествуваат во конфликтот во Украина. 

13.10.2014 - 12:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега