Нов гаф на Зоран Заев
Лидерот на СДСМ Зоран Заев и понатаму продолжува со своите гафови. Најновиот во низата, за него веќе препознатливи гафови во неговите јавни политички изјави, се случи денес.
Во обраќањето по повод партиската прослава на 11 Октомври Денот на народното востание во Куманово, во еден ист говор самиот се демантираше. Во само неколку реченици најпорво обвини дека нема слобода, за потоа да се предомисли. Имено, тој кажа:
“Денес нема слобода во Република Македонија, Денес не можете слободно да се изразите, нема слобода на говор, Нема слобода на мисли.”
После неколку реченици Заев изјави:
“Денес, може слободно да кажеме, како она што провејува во нашата земја, вчера прочитав, една изрека, со којашто целосно се согласувам.”
Бидејќи овој говор го одржа пред партиски симпатизери на како што самите го најавија, празничен пикник на кој што владееше видно расположение, сепак јавноста овој пат му простува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа