Независни Грци го повтори екстремниот став за името на Македонија

 

Грчката опозициска партија Независни Грци изрази „голема загржиеност“ за „флексибилноста“ на Владата во однос на името на Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

- Се чини дека Грција значително го губи она што беше градено толку многу години, дури и со ветото на Костас Караманлис во НАТО. Министерот за надворешни работи предложи заемно прифатливо сложено име со географска одредница пред зборот Македонија. Му го дадовте на Скопје официјалното име Македонија ? Грчките фиксни позиции се дека нашата земја нема да признае име на Скопје кое го содржи зборот Македонија и негови деривати, и тоа треба да се применува“, изјави пратеничката на Независни Грци Мариа Колиас Царуха.

Царуха ова го истакна за време на синоќешната дебата во грчкиот Парламент пред гласањето доверба на Владата.

Иако се очекуваше повеќе пратеници да зборуваат за прашањето за името, грчките парламентарци немаа време поради меѓусебните обвинувања во врска со економската ситуација во земјата.

11.10.2014 - 11:47
Фото: 
дневник


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега