Има ли ебола во Македонија? - резултатите се очекуваат попладне
Попладне треба да пристигнат резултатите кои ќе одговорат на прашањето дали има ебола во Македонија.
Примерокот од починатиот британски државјанин за кои имаше сомневање дека има ебола се испратени на анализирање во лабораторијата во Хамбург. Се додека не пристигнат резултатите кои ќе одговорат на прашањето, сите вработени и гости во хотелот Супер 8 се во карантин.
Инаку, Британецот почина во четвртокот на инфективната клиника во Скопје, со симптоми слични на ебола.
11.10.2014 - 11:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа