Министерот Ивановски по посета на Гевгелија
Министерот за информатичко општество денеска го посети бесплатниот интернет клуб во Гевгелија по повод седумгодишнината од неговото отворање во рамки на проектот ,,Македонија земја на информатичари“.
Бесплатниот интернет клуб во Гевгелија, како што рече Ивановски, е отворен меѓу првите од вкупно 22 клуба колку што до сега се отворени во Македонија.
- Драго ми е што интернет клубот во Гевгелија е еден од првите пет најпосетени во Македонија со 550 посетители месечно, што е особено важно за нас и токму тоа не мотивира да продолжиме да инвестираме во вакви проекти кои имаат цел да го развијат индикаторот на информатичка писменост на граѓаните, потенцира Ивановски.
Тој посочи дека во гевгелискиот интернет клуб се реализирани неколку обуки за користење на интернет услугите и најави дека наскоро ќе почне нов циклус на обуки за сите заинтересирани граѓани за користење на онлајн апликации до сите државни институции.
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов нагласи дека проектот ќе ја има максималната поддршка од општината, како и сите други зафати кои се договорени со Министерството за информатичко општество.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа