Доставени 647 барања за отпис на долгови во Кавадарци и Росоман

 

Во Кавадарци и во Росоман до Центарот за социјални работи-Кавадарци досега се доставени  647 барања за отпис на долгови по повеќе основи, а согласно владината одлука за отпис на долгови.

- Со оглед на тоа што рокот за поднесување на документи за отпис на долгови е до 13. овој месец или до понеделник, нашата служба за прием на документи за отпис ќе работи и во сабота, соопшти денеска директорката на Центарот, Вања Маневска.

Најголем број од барањата за отпис на долгови, додаде таа, се однесуваат за отпис на долгови за неплатени сметки за електрична енергија. 

08.10.2014 - 15:40


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега