Љубчо Георгиевски предвидува: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на власт уште повеќе од 10 години

 

Поранешнинот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, во изјава за соросовиот весник Слободен Печат кој е под директна уредувачка и финансиска контрола на опозицијата призна дека неговата фирма ќе го гради барокниот хотел на Кале. 
Во својата изјава тој изрази надеж дека за 10 годнини, колку што му е  рокот да го изгради хотелот, ќе се смени власта во Македонија и дека на крајот, хотелот ќе го довршел во модерниситчки стил.  Сепак Георгиевски вели дека постои можност, власта да не се промени и во наредните 10 години.

- Мојата компанија, во која се вработени 45 лица, веќе со години работи во градежништвото и ова е прв пат да добиеме на една лицитација од Владата. Согласно со формалните услови на лицитацијата, хотелот мора да се глради во барок. Рокот за изградба е во следните 10 години и јас ќе се надевам дека до тогаш политиката ќе се смени и ние ќе бидеме во можност објектот да го градиме во модерен стил. Ако сепак, тоа не биде можно, јас ветувам дека тоа нема да биде барок од стиропор и гипс, туку вистински, оригинален барок - изјави Георгиевски за соросовиот весник.

Интересно е што Георгиевски е уште еден во низата политичари блиски до СДСМ кои јавно се противеа на проектот Скопје 2014, но кога станува збор за бизнис, да се гради во барок, па и не е некој голем проблем. Пред минатата недела во фокусот на јавноста беше и раководството на СДСМ, кое се појави на роденденот на Дајнерс кој се организираше во Стариот театар, колосален објект дел од проектот на Скопје 2014.

Јавноста и тогаш но и сега со право си го поставува прашањето, дали ставовите на политичарите од опозицијата држат само додека се вклучени камерите и дали се менуваат исклучиво во зависност од бизнис потребите. Останува да видиме, дали уште некој од опозициските плитичари ќе се вклучи во разубавувањето на Скопје по теркот на градбите од Скопје 2014.

 

05.10.2014 - 21:42

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега