Американскиот специјалист офталмолог на стручен престој во штипската болница
Министерот Никола Тодоров денеска ја посети Клиничката болница во Штип по повод стручниот престој на д-р Метју Хамонд, реномиран специјалист офталмолог од САД.
Во претстојниот месец, соопшти Министерството за здравство, се планира да бидат извршени 250 интервенции со примена на нов пристап во фако хирургијата на катаракта, со мал рез од само 2,2 милиметрa, што придонесува за побрзо зараснување на резот и претставува побезбедна интервенција за пациентите со многу помал астигматизам.
Овие интервенции, како што се наведува, ќе се вршат под водство на д-р Хамонд, во нив ќе учествуваат офталмолози од Клиничката болница Штип, а ќе се едуцираат и доктори специјалисти од Универзитетската клиника за очни болести во Скопје.
Во рамки на посетата, министерот Тодоров беше информиран и за текот на градбата на бункерот за акцелератор, а воедно го посети одделението каде е сместен ангиографот, при што беше информиран дека во изминатиот период од два месеца се извршени над 200 интервентни процедури, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа