Ѓорчев на есенските состаноци на ПС на ОБСЕ

 

Од денеска до 5 октомври во Женева, Швајцарија ќе се одржат Есенските состаноци на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) на кои ќе учествува  пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Централна тема на овие состаноци на ПС на ОБСЕ се „Новите безбедносни предизвици: улогата на парламентите” во рамките на која ќе  биде дискутирано за политичката и воената димензија, економската и димензијата на животната средина и хуманата димензија.

Во рамки на овие состаноци, седници ќе одржуваат и Медитеранскиот форум на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

На учесниците на овие состаноци со поздравни говори ќе им се обрати Илка Канерва, претседател на ПС на ОБСЕ, Ханес Герман, претседател на Државниот совет на Швајцарија и Дидије Буркхалтер, претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Швајцарија. 

03.10.2014 - 10:02

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега