ТТК Банка со нова експозитура во Карпош 3

 

ТТК Банка отвори нова експозитура во Скопје, во населбата Карпош 3, како петта новоотворена деловна единица оваа година. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.

 

 Новата експозитура во населбата Карпош 3, се наоѓа на бул. Партизански Одреди бр.62/2-17 Скопје и ќе работи од понеделник до петок, од 08 – 16h.

 

Корисниците на ТТК Банка имаат можност да добијат брза и квалитетна услуга при извршување на универзалните банкарски активности: кредитирање на физички и правни лица, платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, депозитно работење и други.

 Актуелно, ТТК Банка за своите корисници нуди особено поволни услови за потрошувачките и станбените кредити за физички лица како и атрактивни услови за електронското банкарство.

Во Банката се достапни бројни производи и услуги за поттикнување на растот и развојот на малите и средни претпријатија.

 На територијата на Р.Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 34 деловни единици: 7 филијали, 23 експозитури, 4 шалтери.

02.10.2014 - 09:51

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега