ФОТО: И Тони Зен дел од кампањата за безбедност во сообраќајот
И Раперот Тони Зен даде поддршката за кампањата за безбедност во сообраќајот.
-Сите ние возиме по исти улици и ги поминуваме истите семафори и крстосници. Затоа сите, без исклучок, мора да бидеме одговорни и да ги почитуваме сообраќајните правила. Наша обврска е да ја подигнеме свеста за поголема безбедност и хармонија во сообраќајот, а јас својот придонес кон тоа го давам со јавна поддршка на оваа кампања, порачува Тони Зен.
30.09.2014 - 15:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа