Битола ја реконструира патната мрежа во селото Драгош
Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска ги промовираше инфраструктурните интервенции во населеното место Драгош кои се реализираат на барање на локалното население.
Тој посочи дека жителите на селото Драгош во иднина ќе имаат нов пат, нов мост на локалната река и друга инфраструктурна поддршка.
Се трудиме секогаш да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните во битолските населени места кои најчесто имаат потреба од реконструкција на локалните патишта.
Во селото Драгош реализираме проект кој овозможува поправка на патот во селото и негово поврзување со главниот пат во должина од 1.700 метри.
Исто така, побаравме од Агенцијата за државни патишта да помогнат во реконструкцијата на дополнителни 450 метри пат низ селото.
Со овој проект го затвораме пакетот инвестиции на локалните патишта помогнати со Европска Банка, а со помош на Светска Банка ќе реализираме уште 4 локални правци.
Во Драгош ќе се обнови и мостот, а следната година ќе го реконструираме и патот што води до црквата, истакна Талески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа