Нови тротоари во Босилово и Турново
Главните улици во општинскиот центар Босилово и во Турново, кои воедно се дел од патот за соседна Бугарија (М-6) добија нови тротоари.
Како што изјави градоначалникот Љупчо Колев, за реализацијата на овој проект се потрошени три милиони денари, обезбедени од Бирото за рурален развој.
- Со изградбата на новите тротоари се зголемува безбедноста во сообраќајот како на пешаците, така и на учениците од овие две населби. Соглано договорот со Бирото за рурален развој, паралелно со изградбата на тротоарите, општина Босилово постави систем од сливници за одведување на атмосферската вода од коловозната лента на меѓународниот пат М-6 , рече градоначалникот Колев.
Во оваа општина со средства од Бирото за рурален развој во тек е изградбата на мост на локалниот пат Радово - Старо Балдовци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа