Во печките на Југохром уништени 1000 стебла „канабис сатива“
Во печките на фабриката „Југохром Фероалојс“ во тетовско Јегуновце, денеска беа уништени вкупно 997 стебла „канабис сатива“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- Уништените вкупно 997 стебла, на 12-ти, 18-ти и 23-ти август биле пронајдени на три различни локации во тетовско.Во атарот на Селце полициски службеници на СВР Тетово пронашле и искорнале 22 стебла, во Фалише 160 стебла и во месноста „Ѓусијал“ во близина на Требошкиот канал 815 стебла, изјави Јосифовски.
Според него, уништувањето на стеблата го организирала и го следела четиричлена Комисија и менаџментот на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово а присуствувале и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа