Циклон се движи кон Македонија - попладне невреме
Во попладневните часови, особено доцна попладне и навечер времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и поинтензивни електрични празнења, локално во форма на невреме со град.
Утре и во петок под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата, каде локално е можно да наврнат и над 35л/м2.
Во сабота ќе биде претежно стабилно, а попладне ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд, особено во планинските подрачја.
Стабилно и многу топло ќе биде во недела и понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа