Дожд, грмежи, силен ветер - од утре силно невреме во Македонија

 

Од утре попладне подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса од запад која на повеќе места ќе предизвика нестабилност со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер, силни електрични празнења и град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со нешто посмален интензитет на грмежи, но ќе има пообилни врнежи од дожд, на места и над 30 литри на метар квадратен.

Стабилизирање на времето и пораст на температурата се очекува од сабота.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на електрични празнења без престојување на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата да не бидат на отворено во големи групи, туку раздвоени.

29.07.2014 - 12:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега